ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САШКО НИКОЛОВ ДОДЕЛИ НОВИ 50 РЕШЕНИЈА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА
Категорија
Вести, Тековни ПроектиДенес во салата на Советот на општина Радовиш од страна на Градоначалникот на општина Радовиш беа доделени нови 50 решенија за легализација на бесправно изградените објекти.
Честитки до сите што денес на овој свечен чин ги добија своите решенија, ова е чекор напред за сите што конечно имаат можност имотно правно да си го комплетираат тоа што го изградиле или дооформиле во своите стамбени живеалишта или други објекти. Динамиката на издавање на решенијата се движеше така што во 2011 се решени 472 предмети за легализација, а денес до овој момент во тековната 2014 година се издадени 420 решенија за легализација, со оглед на рокот што го имаме од законот за легализација се трудиме секој предмет кој ги има комплетирано документите и нема правни пречки да биде благовремено решен – во своето обраќање истакна Градоначалникот на општина Радовиш г-дин Сашко Николов.