ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА РАДОВИШ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ДЕНОТ НА ОПШТИНАТА ВЕЛИКА ПЛАНА
Дата
May 14, 2019
Категорија
Вести
Во чест на основањето на збратимената општина Велика Плана, од 8 до 11 Мај, градоначалникот на општина Радовиш по покана на општина Велика Плана оствари службена посета на оваа збратимена општина со општина Радовиш.
Во рамките на посетата, градоначалникот имаше прием кај претседателот на општината -Игор Матковиќ. Заедно со соработниците од двете општини, тие разменија искуства од работата на двете општини како две збратимени општини со најдолг стаж на пријателство од околу 50 години.
За време на тридневното гостување, градоначалникот Герасим Конзулов заедно со градоначалникот на општина Велика Плана Игор Матковиќ ја посети Индустриската зона при што беа разменети искуствата околу начинот на организирањето и уредувањето на индустриската зона под надлежност на општината Велика Плана.
Во културниот дел од Програмата за одбележување на денот на Велика Плана, градоначалникот Герсим Конзулов со делегацијата од општина Радовиш присуствуваа на прославата по повод јубилејот 70 години од постоењето на библиотеката “Радоје Домановиќ”, како и на завршните активности од 14 Меѓународен фестивал на документиот филм „Златна буклија„ на којшто учествуваа 308 филмови од 11 земји. На овој исклучително престижен фестивал, градоначалникот Герасим Конзулов имаше голема чест да додели неколку значајни награди на некои од најуспешните филмски режисери од Србија и регионот. Воедно, неколку награди додели и директорот на ОУ Центар за култура Ацо Караманов – Изабела Ангелова.
Посебна чест кон градоначалникот Герасим Конзулов искажаa и пратеникот од општина Велика Плана во Српскиот парламенет – Живан Џуришиќ, како и претседателот на Собранието на општината. Посетата заврши во атмосфера на срдечно пријателство и покана до раководството од Велика Плана да гостуваат на некоја од позначајните манифестации во општина Радовиш.