ДОНАТОРСКА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО СКОПЈЕ
Општина Радовиш активно се вклучува во помагање и отстранување на штетите од поплавите кои го зафатија Скопје, екипа од 8 пожарникари заедно со сите расположливи средства и целокупна опрема во раните утрински часови ќе бидат на терен.
Исто така Општина Радовиш во соработка со Општинската организација на Црвен Крст од Радовиш, од утре 08.08.2016 год. (Понеделник), на Плоштадот Св.Спасо Радовишки ќе биде организирана Хуманитарна акција за настраданите во поплавите во Скопје.
Акцијата ќе биде со донирање на: хигиенски средства, вода, конзервирана храна, детергенти, марамици, пелени за бебиња и сл.
Сите хумани граѓани можат да го донираат овие продукти на Плоштадот Св. Спасо Радовишки почнувајки од 10:00 часот.
ДА ЈА ПОКАЖЕМЕ УШТЕ ЕДНАШ НАШАТА ХУМАНОСТ!!!
Дата
August 07, 2016