ДОНАЦИЈА НА СПОРТСКА ОПРЕМА ЗА ФК СЛОГА ОД ЗЛЕОВО
Дата
October 25, 2014
Категорија
Вести, Тековни ПроектиГрадоначалникот на општина Радовиш продолжува со донациите на спортска опрема за возобновените екипи од општина Радовиш кои за прв пат започнуваат да се натпреваруваат во Општинската Фудбалска лига.
Денес тој беше присутен во с. Злеово каде што го проследи натпреварот помеѓу ФК Слога и ФК Детонит, а воедно на домашната екипа им донираше спортска опрема.
Овие донации Градоначалникот во континуитет ги спроведува веќе втора сезона на екипите кои се натпреваруваат во ОФЛ Радовиш, а исто така и се спроведуваат активности и зафати за оградување и функционалност на сите игралишта низ населените места каде што нивните екипи се натпревруваат во Општинската фудбалска лига на Радовиш.