ИЗГРАДБА НА УЛИЦАТА КОН ТИРЗ ЗОНАТА ВО РАДОВИШ
Дата
March 24, 2017
Категорија
Вести, Тековни ПроектиОтпочната е изградбата на улица која води до ТИРЗ зоната, улицата е со вкупна проектирана должина 270m’ (100m’ реконструкција, 170m’ нова градба) од вкупната должина 100m’ се постоечка изградена улица со оштетување на горен и долен строј. Претстои целосна реконструкција и замена на коловозна конструкција.
Ширината на коловозните ленти е 6 м, со тротоари од двете страни по 1,5 м. Инвестицијата е 4.825.251денари од Буџетот на локалната самоуправа. „Со изградбата на ова улица ние како општина допринесуваме кон развој на можностите за привлекување на нови инвестиции во ТИРЗ зоната, што се надевам дека во блиска иднина ќе стане реална можност“-рече градоначалникот Николов.