If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ВЕТЕНИТЕ ПРОЕКТИ ЗА ПОЛА МАНДАТ СЕ ВЕЌЕ РЕАЛИЗИРАНИ
10263
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-10263,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ВЕТЕНИТЕ ПРОЕКТИ ЗА ПОЛА МАНДАТ СЕ ВЕЌЕ РЕАЛИЗИРАНИ

Дата

April 15, 2015

Категорија

Вести

Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов го презентираше Отчетот за реализираните проекти во 2014 година со кој се става на детален увид пред граѓаните досегашното работење и секое поединечно ветување.

 

На денешната прес-конференција во духот на отчетноста беа презентирани 69 проекти кои се целосно реализирани од вкупно 106 проекти од Изборната програма и дополнителни 18 проекти од Изборната програма кои се во завршна фаза на реализација. Покрај овие проекти реализирани се и нови 32 проекти кои се надвор од програмата и уште 10 кои се во тек на реализација.

 

За Радовиш 2014-та година ќе биде одбележана како година на силни заложби за подобрување на патната инфраструктура.

 

Во текот на 2014та година општината беше целосно посветена на подготовка на  проектна документација за проекти од оваа област и се очекува успешна реализација на проектите за кои веќе има аплицирано:  асфалтирање на две улци во село Подареш, асфалтирање на локалниот пат Подареш-Калугерица, улица Бел Камен, улица во село Злеово и улица во село Ињево.

 

 

Општината од сопствениот буџет ја реализира и капиталната инвестиција во вредност од 500 000 евра за пробивање и асфалтирање на повеќе улици во градот и населените места, улиците во село Јаргулица, Раклиш, улиците Дане Трајков, Корчо Маале, Браќа Миладинови, крак 6ти Ноември, како и поплочување со бехатон плочки на: улица во село Сулдурци, кракот Калаузлиска и Габрешко Маало, а паралелно на овој проект се изготвува и тендерска документација за  поплочување со бехатон на улици претежно во населените места  од кои 3800м2 во село Ораовица и улица во село Бучим.

 

Во изминатата година општината во целост реализираше десет детските катчиња меѓу кои детските катчиња во Трета месна заедница, управната зграда на детската градинка Ацо Караманов, во село Ињево, Калугерица, Воиславци и населба Раклиш, а деновиве се отпочна и реализацијата на детски катчиња во село Подареш и село Злеово. Во 2015та година  село Ораовица покрај тоа што ќе  добие прекрасно рекреативно детско катче, со инвестиција од 10 милиони денари обезбедени од ИПАРД фондовите ќе добие и нов лик на Домот во селото. Деновиве се подготвува и тендерската постапка за изградба на повеќенаменско игралиште во село Ораовица и Тополница.

 

Во делот на заштита на животната средина, во 2015 година општина Радовиш ќе ја реализира и најкапиталната инвестиција во однос на предвидените средства, односно се очекува да отпоче изградбата на пречистителна станица со линиска инфраструктура во вредност од 7,5 милиони евра.

 

„Со поддршка на Владата на Република Македонија започна изградба на новата технолошка индустриска развојна зона ТИРЗ Радовиш со површина од 9.75 хектари. Новиот индустриски комплекс кој ќе овозможи економски развој и нови работни места е само поттик да продолжиме по истиот пат со исто темпо да ги развиваме сите области на нашето живеење“ истакна Николов.

 OTCET 2014 - Sasko Nikolov- FINAL (za PRINT)