ОДБЕЛЕЖAНА „ЕВРОПСКАTA НЕДЕЛА НА СПОРТОТ“
Дата
September 30, 2019
Категорија
Вести, Спорт, Тековни ПроектиИ денес под мотото „БИДИ АКТИВЕН“, во соработка со АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ а под покровителство на Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов, во општина Радовиш беше одбележана „ЕВРОПСКАTA НЕДЕЛА НА СПОРТОТ“.
На спортските терени во ООУ „Никола Карев“ беше спроведен проектот „БИДИ АКТИВЕН – ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР“ кој е дел од ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА СПОРТОТ која ја одбележуваат 42 земји во Европа со учество на повеќе од 13 милиони учесници.
Заедно со Професорите по Физичко воспитување и одделенска настава, дечињата преку неколку спортски дисциплини и игри, покажаа дека најважно од се е да се биде активен и да се води здрав живот.