If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА – За планскиот документ измена и дополна на ДУП УБ 15 за дел од УМ 1, со намена А1, Б5, Г2, Д3, Е1, Е2, во КО Радовиш, општина Радовиш
17635
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-17635,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА – За планскиот документ измена и дополна на ДУП УБ 15 за дел од УМ 1, со намена А1, Б5, Г2, Д3, Е1, Е2, во КО Радовиш, општина Радовиш

Дата

September 10, 2020

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/19), општина Радовиш, на ден 04.04.2019 година, донесе

 

Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена

 

  1. За планскиот документ измена и дополна на ДУП УБ 15 за дел од УМ 1, со намена А1, Б5, Г2, Д3, Е1, Е2, во КО Радовиш, општина Радовиш, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Радовиш, www.radovis.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ измена и дополна на ДУП УБ 15 за дел од УМ 1, со намена А1, Б5, Г2, Д3, Е1, Е2, во КО Радовиш, општина Радовиш, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето на планскиот документ ќе придонесе за: позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување од аспект на повисока уреденост на просторот. Се иницираат градежни активности за реализација на градби во рамките на градежните парцели, со чија реализација и уредување на парцелите се придонесува на квалитетот на уреденост на градот. Градежните парцели се развиваат согласно современите урбанистички принципи со класа на намена А1-домување во станбени куќи, Б5 – хотелски комплекси, Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, Д2-заштитно зеленило, Д3 – спорт и рекреација, Е1- комунална инфраструктура, Е2- комунална супраструктура. Сите слободни површини од парцелите хортикултурно да се уредат со зеленило. Со разработка на блокот

се отвараат нови работни места, подобрување на бизнис климата, подобрување на квалитетот на живеење и зголемување на животниот стандард на населението. Имплементацијата на планскиот документ со својата намена е во насока на реализација на генералните цели на одржливиот развој Со правилно планирање и проектирање и добра анализа на влијанијата, предвидената активност во својата оперативна фаза нема да претставува значителен товар врз животната средина.

  1. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

 

Бр.26-153/11

Датум: 24.08.2020 г.