ОДРЖАНА XXII-ТА ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
November 08, 2018
Категорија
Вести, СоветСоветот на општина Радовиш, денес ја одржа својата XXII-итна седница со која Претседаваше Претседателот Коле Чаракчиев.
На оваа седница според итноста која ја образложи Претседателот Чаракчиев, се работеше со една точка на Дневниот ред и тоа Предлог-Одлука за избор на членови на Координативното тело за промотивен настан со цел афирмација на Проектот за градење на капацитетите за Екосистемски-базирано намалување ризици од катастрофи (ЕКО-НКР) преку одржливо управување со шумите во Република Македонија.
Оваа Предлог-Одлука од страна на советниците беше разгледана и едногласно усвоена.