ОДРЖАНИ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ „ПРВОМАЈСКИ НАТПРЕВАРИ 2015“
Дата
April 30, 2015
Категорија
Вести, СпортДенес во Радовиш имавме можност да проследиме богата спортска програма, а по повод традиционалните „Првомајски натпревари„.
Во СРЦ „25 мај„ и спортскиот терен во СОУ „Коста Сусинов„ беа одиграни финални натпревари од „Општинската училишна лига 2014/15„ во Футсал каде шампиони станаа фудбалерите од ООУ „Крсте П. Мисирков„.
Исто така во попладневните часови се одржа традиционалниот турнир во Пинг-понг каде учество зедоа 14 натпреварувачи, а беа одиграни одлични партии каде конечниот пласман беше: 1.Гоце Димоски, 2.Венко Стојанов,3.Милчо Чачаров,4.Трајче Трајков. Во програмата по повод први мај не изостана и турнирот во Шах каде учество зедоа седум шахисти.
Завршниот дел беше во вечерните часови во центарот на градот каде што се одржаа Атлетски трки (400, 600, 800 метри- за ученици од V , VI VII, VIII и IX одд. одд. (машки и женски) до 14 год. и ученици од Гимназија до 18 год. Исто така беа атрактивни трките со ролери.
Програмата од овогодишните „Првомајски натпревари„ традиционални завршува во недела на езерото Мантово со традиционалниот општински турнир во спортски риболов.
Покровител на традиционалните „Првомајски натпревари„ е општина Радовиш и Градоначалникот Сашко Николов, а за најдобро пласираните во сите категории беа обезбедени награди и признанија.