ОДРЖАНИ 42 КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ
Дата
November 07, 2015
Категорија
ВестиВчера во Центарот за култура ,,Ацо Караманов,, во Радовиш започнаа традиционалните ,,Караманови поетски средби,, во чест на македонскиот поет и револуционер Ацо Караманов.
Во домот на културата со стихови се претставија истакнати поети од разни генерации и тоа Стојан Тарапуза, Борче Панов, Трајче Кацаров, Виолета Танчева Златева, Ресул Шабани, Раде Силјан, Вања Изова Велева, Бранко Цветкоски, Јовица Илиќ, Веле Смилевски и други.
На средбата учествуваа и поети од Турција, Словенија, Србија и од Бугарија.
Во рамките на ова манифестација беше изведен перформансот „Псалмите за Лили“ по стихови на Ацо Караманов со учество на актерот Владо Јовановски, а со изложбата ,,Спокој и неспокој“ се претстави ликовниот уметник Коле Манев.
Наградата „Караманов 2015“ беше врачена од страна на Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов на овогодишниот добитник Христина Цветаноска.
Градоначалникот Николов со поздравен говор им посака пријатен престој во Радовиш на сите поети и гости, искажувајки им благодарност за учеството и почитувањето на ликот и делата на македонскиот поет и револуционер Ацо Караманов, а исто така и што оваа манифестација прерасна во една од најголемите поетски манифестации во Република Македонија.
Денес во склоп на оваа манифестација беше направена и промоција на стихозбирката „Решетки и други заблуди“ од Христина Цветаноска, добитник на наградата ,,Караманов“ од конкурсот за книга од млад автор за 2015 година.