ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА ДРЕНОВО, Р.БУГАРИЈА
Дата
August 22, 2016
Категорија
ВестиДеновиве по повод чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки, во официјална посета на општина Радовиш беше делегација од збратимената општина Дреново од Република Бугарија предводена од Градоначалникот Г-дин Мирослав Семов.
На неколку средби со Градоначалникот Сашко Николов, во текот на празнувањето беа разменети различни искуства од функционирањeто на локалните самоуправи, а исто така, денес имаше и официјален прием во кабинетот на Градоначалникот каде на гостите им беше упатена голема благодарност за нивното гостување и беше изразено обострано задоволство за продолжување на соработката помеѓу двете збратимени општини.
Изразувајќи надеж дека во најблиска иднина ќе има повторна средба, делегацијата денес замина за Република Бугарија.