ПОСЕТА НА ЗБРАТИМЕНАТА ОПШТИНА ТЕТЕВЕН ВО БУГАРИЈА
Дата
November 07, 2018
Категорија
ВестиНа покана од страна на Градоначалникот на општина Тетевен г-ѓа Мадлена Бојаџиева, делегација од општина Радовиш предводена од Градоначалникот Герасим Конзулов беше во посета на збратимената општина Тетевен во Република Бугарија.
Оваа посета на делегацијата беше во склоп на празникот на Градот Тетевен „1-ви Ноември“ -денот на ослободувањето на градот. Градоначалникот Герасим Конзулов заедно со делегацијата од општина Радовиш присуствуваа на Светата божествена литургија, и Духовниот концерт организиран по повод овој значаен празник на Тетевен, а исто така имаа обиколка и посета на културно историските споменици во општина Тетевен.
Исто така во посета на Тетевен, во организација на Центарот за Култура „Ацо Карманов“ беа и нашите „Распеани радовишани“ кои учествуваа на празничниот јубилејен концерт на МБГ „Вежен“.
Тетевен – линк