ПОСЕТА НА ЗБРАТИМЕНИОТ ГРАД СЕЛЧУК, Р. ТУРЦИЈА
Дата
September 11, 2019
Категорија
ВестиВо деновите од 6 до 8 Септември, делегација од Општина Радовиш предводена од Градоначалникот, Герасим Конзулов, беше во официјална посета на збратимената општина Селчук во Република Турција.
Повод за гостувањето беше упатената покана по повод организацијата на јубилејниот, 50-ти по ред ЕФЕСТ фестивал на културата и уметноста.
Во склоп на посетата, делегацијата имаше официјален прием кај Градоначалничката на Селчук, Г-ѓа Филиз Черитоглу Шенгел каде обострано беше изразено задоволството од обновената соработка помеѓу двете општини со надеж дека во иднина ќе продолжи соработката на повеќе полиња од општественото живеење.
Исто така, остварена беше посета и на Здружението на иселеници од Радовиш и Конче а Градоначалникот оствари средба и со наши иселеници кои живеат на улицата „Радовиш“ во општина Селчук.
Градоначалникот Конзулов оствари посета и на пријателската Општина Алиага, каде беше остварен прием кај Градоначалникот Серкан Ачар.