ПОТПИШАН ПРОТОКОЛ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СОРАБОТКА МЕЃУ ГРАДОВИТЕ РАДОВИШ И КАМЕНЕЦ-ПОДОЛСК (УКРАИНА)
Дата
September 19, 2014
Категорија
ВестиОд страна на градоначалникот г-дин Сашко Николов, од 21 до 26 Август 2014 година, беше испратена делегација од општина Радовиш во градот Каменец-Подолск, Република Украина, во врска со воспоставување на првична меѓусебна соработка со цел воспоставување на идно евентуално збратимување.
Членовите на делегацијата од општина Радовиш беа прифатени и примени од страна на градоначалникот г-н Михаило Симашкевич на општина Каменец-Подолск, при што беше потпишан протокол за воспоставување идна соработка од заеднички интерес.
За време на официјалниот дел на посетата од името на Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов, делегацијата упати отворена покана до Градоначалникот на општина Каменец-Подолск за возвратна посета на општина Радовиш со цел подетално да се дефинираат областите и чекорите за идната соработка и потпишување на повелба за збратимување.