ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА МОБИНГ
Дата
September 24, 2014
Категорија
Вести, Тековни ПроектиКомисијата за еднакви можности на жените и мажите во Советот на општина Радовиш во рамките на спроведување на Акциониот план, денес во салата на Советот одржа трибина на која беа презентирани резултатите од спроведената анкета за вознемирување на работно место – мобинг, а исто така и беше презентиран и Законот за еднакви можности на жената во сите сфери на социјалниот живот.
Презентери на трибината беа Светлана Мазгалоска-Вучетиќ, поранешен пратеник во Собранието на Македонија, Нела Ташковска, главен ментор за двата проекти кои се реализираат во Радовиш и Афердита Хаџијаха-Имери, претседател на менторите, свое излагање имаа и кординаторот на проектите за Радовиш Оливера Долдурова, како и Билјана Теохарева-Филипова претседател на комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на општина Радовиш.