Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РАДОВИШ ДОБИ „УРБАН ЅИД“
11407
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11407,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РАДОВИШ ДОБИ „УРБАН ЅИД“

Спортско – рекреативниот центар “25-ти Мај”, денеска од младите луѓе и претставниците на локалниот младиснки совет од општината Радовиш беше претворен во урбан ѕид, на кој се испишуваа пораки за заштита на животната средина и се цртаа графити со позитивна тематика.

FOT_2063

Овие активности се дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт, симболично наречен „Урбан ѕид“, чија цел е да даде поддршка на младата популација во изразување на нивната креативност во создавање на урбана уметност.

 

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески потенцираше дека многу често, цртањето графити се смета за вандализам, но кога постои точно одреден простор за нивно творење и презентација на креативниот ум и младешки став, тие се уметност која секогаш е позитивно перцепирана од очите на случајните минувачи.

FOT_2021

Овој проект, кој го реализира Агенцијата за млади и спорт е наменет за младите преку поддршката тие да се изразат на креативен начин, да се поттикнат да бидат креативни и пред сè преку можноста тие да имаат свој простор, кој од денес натаму ќе биде наменет за нивното креативно изразување. Проектов досега го реализиравме во десетина општини низ цела Македонија, а интересот се повеќе се зголемува, изјави Спасески.

 

Тој искажа надеж дека граѓаните и пред се младите луѓе позитивно ќе го прифатат проектот, чија основна цел е да се насочат младите својата креативност да ја насочат во позитивна насока и да се одвратат од идејата да пишуваат графити било каде и со било каква содржина.

-Напротив, основната замисла на проектот е младите преку исцртување на графитите да ги искажат своите позитивни мисли и да испратат позитивна порака до сите чинители во општеството, заклучи Спасески

FOT_2006 На настанот присуствуваше и градоначалникот на Радовиш, Сашко Николов кој ја поздрави акцијата на Агенцијата за млади и спорт и информираше дека општината ќе определи дополнителни локации за креативно творење на младите.