РАДОВИШ ДОМАЌИН НА ЕВРОПА ВО МАЛО
Дата
October 18, 2016
Категорија
ВестиДЕВЕТ ДЕЛЕГАЦИИ ОД ПРИЈАТЕЛСКИ ОПШТИНИ СО СТОТИНА СВОИ ПРЕТСТАВНИЦИ ПРИСУСТВУВАА НА ОВОГОДИШНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2016“
По повод одржувањето на 4-тата по ред манифестација “Самун ем’ Tатлија” во Радовиш, беше испратена покана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш, г-дин Сашко Николов, до сите збратимени општини и општини пријатели.
На поканата се одзваа девет збратимени општини и општини пријатели и тоа: Град Белишќе-Република Хрватска, Општина Велика Плана-Република Србија, Општина Чока-Република Србија, Општина Васлуј-Република Романија, Општина Запрудња-Руска Федерација, Општина Дреново-Република Бугарија, Општина Чинарџик-Република Турција, Општина Ташкопур- Република Турција и Општина Ергене-Република Турција.
Во деновите на манифестацијата “Самун ем’ Tатлија” во Радовиш, официјалните делегации од збратимените општини и општините пријатели броеја 96 лица и истите беа примени од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш на највисоко ниво. Делегациите, преку претходно подготвена “Power Point” презентација се запознаа со убавините, основните информации, историјата и локалниот развој на Општина Радовиш.
Делегациите присуствуваа на сите пооделно организирани гастрономски и музички настани во текот на 3 дневната манифестација. Во хотел Бел Камен беше организирана заедничка свечена вечера за сите делегации, на која Градоначалникот г- дин Сашко Николов на членовите на делегациите им додели пригодни подароци.
Делегациите, со големи импресии, искажувајки голема благодарност до Градоначалникот на Општина Радовиш, г-дин Сашко Николов, си заминаа во своите општини ветувајки продолжување но и интензивирање на меѓусебната соработка во иднина.