РАДОВИШ ПРАЗНУВА, РАДОВИШ ГРАДИ …
Дата
November 07, 2014
Категорија
ВестиДеновиве Радовиш празнува седумдесет години слободен живот и во чест на големиот јублеј свечено беа пуштени во употреба објекти, спомен паркови и секако гордоста на радовишани новото повеќенаменско игралиште изградено со сопствени средства на општината.
Игралиштето е со современ модерен дизајн и е осветлено по сите стандарди за осветлување кое овозможува спортување во вечерно време. Игралиштето кое во работа свечено го пуштија Градоначалникот Сашко Николов, Претседателот на Советот Никола Миовски и Директорката на СОУ Коста Сусинов Невенка Тадирова е едно од најмодерните од тој тип во Македонија.