РЕШЕНИЕ СЕ ОДОБРУВА ПРОЕКТНА ПРОГРАМА СО БРОЈ НА ПОСТАПКА: 35590, ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ЕЛЕКТРИЧЕН КАБЕЛ ОД 1,8 МW
Дата
August 23, 2021
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на член 44, став 5 од законот за Урбанистаичко планирање (Сл. Весник Бр. 32/2020) Градоначалникот на општина Радовиш по доставен предлог за одобрување на Планска програма, Ви доставува предлог за одобрување на Проектна Програма за изработка на Урбанистички План за инфраструктура за електричен кабел од 1,8 мw од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа со моќност од 1,8 мw до приклучна точка на ЕВН во м.в. Рудина, КО Раклиш-вон гр
во Општина Радовиш.
По предлог за одобрување на Планската програма од страна на Комисијата за урбанизам, Градоначалникот го донесува следното:
РЕШЕНИЕ
СЕ ОДОБРУВА Проектна Програма со број на постапка: 35590, за изработка на Урбанистички План за инфраструктура за електричен кабел од 1,8 мw од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа со моќност од 1,8 мw до приклучна точка на ЕВН во м.в. Рудина, КО Раклиш-вон гр
во Општина Радовиш, со тех. бр. 21-05/21 од 05/2021, изработена од ДТПГУК ,,ЧИП ГРОУП,, дооел Скопје, за потребите на нарачатели: СОЛ ГРУП 5 ДОО Скопје.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До општина Радовиш доставено е барање за одобрување на Проектна Програма за изработка на Урбанистички План за инфраструктура за електричен кабел од 1,8 мw од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа со моќност од 1,8 мw до приклучна точка на ЕВН во м.в. Рудина, КО Раклиш-вон гр
во Општина Радовиш, за потребите на СОЛ ГРУП 5 ДОО Скопје
Во прилог на барањето е доставено:
Проектна Програма за изработка на Урбанистички План за инфраструктура за електричен кабел од 1,8 мw од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа со моќност од 1,8 мw до приклучна точка на ЕВН во м.в. Рудина, КО Раклиш-вон гр, во Општина Радовиш, изработена од ДТПГУК ,,ЧИП ГРОУП,, дооел Скопје.
Ажурирана подлога со граница на плански опфат.
Од страна на Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Радовиш, со Решение бр.09-639/1 од 26.04.2021год. беше разгледана доставената документација на Проектна Програма за изработка на Урбанистички План за инфраструктура за електричен кабел од 1,8 мw од новопланирана трафостаница на фотоволтажна централа со моќност од 1,8 мw до приклучна точка на ЕВН во м.в. Рудина, КО Раклиш-вон гр во Општина Радовиш, по што истата е потпишана и доставена до Градоначалникот со Предлог за одобрување на Планска Програма бр. 26-768/4 од 26.05.2021 год.
Врз основа на горе наведеното Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на оваа Решение.
Упатство за правно сртедство: Против ова решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот наприемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлажен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира со 250,00 ден.административни такси.