УЧИЛИШЕН НАУЧЕН САЕМ 2016
Училишен научен саем – креативност и талентираност на дело
Ова манифестација прераснува во традиционална и со се попозитивен ефект. Општината целосно го подржува настанот кој има за цел промоција на образовниот процес и поттикнување на натпреварувачки дух меѓу младите и постоечките образовни институции кои годинава се претставија со многу интересни проекти кои веќе ги реализирале во своите училишта и со своите ученици.
Општинското основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ на годинешниот училишен саем се претстави под мотото„Здрава храна-здрави генерации“, на нивниот штанд имаше изработки од овошје и зеленчук, целосно изработени паноа кои го претставуваат значењето на храната, витамините, корисна храна и нејзиното значење за целосниот организам. На вториот штанд беа претставени иновативни макети, изработки од природни науки, географија и други предмети од ученици од сите одделенија. Дваесет наставници од училиштето беа задолжени за доброто претставување на активностите на училиштето на штандовите на кои на посетителите им беа делени флаери и балони.
Општинското училиште „Никола Карев“ се претстави со изработки од природни науки изработени од деца вклучени во одделенска и предметна настава. Макета по физика за сончев систем и електрични кола, а по предметот биологија на самиот штанд беа презентирани на експерименти.
Директорката на Основното општинско училиште „Кирил и Методиј“ Снежана Манева-Дулјанова рече: „Овој училишен научен саем е одлична можност учениците да ги презентираат своите достигнувања во текот на целата година, и одлична можност жителите на општина Радовиш и општина Конче да видат како и што работат учениците и нивните наставници“. На нивниот штанд доминираа изработки од историска секција и беше делена брошурка за училиштето.
Децата од Општинското основно училиште „Орце Николов“годинава се претставија со две големи макети на традиционални македонски куќи, неколку помали како и сообраќајница. Учество во изработките е сите деца од училиштето.
Децата од Општинското основно училиште „Коста Рацин“ покрај нивните изработки и макети од годинашните активности, се претставија со учество на децата во ликовна колонија кои цртаа како и експеримент по физика наречен „Вулкан“. Дел учествуваа во културно-забавната програма.
Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од општина Конче годинава за прв пат се претстави на Училишниот научен саем, училиштето беше претставено со текст-кратка биографија, различни изработки од децата од одделенска настава направени по учебната програма, макети по техничко оригами, паноа на тема за еко-рециклажа.
Средното стручно училиште „Коста Сусинов“ тематски ги подели штандовите на првиот беа претставени насоките електро и металургија, а на вториот штанд гимназиското образование преку предметите Физика, Хемија, Биологија, музика и спорт. Покрај презентирањето на активностите во текот на годината, активностите беа носочени и кон привлекување на ученици во прва година.
Колеџот „Јахја Кемал“ од Струмица како и годинава на заинтересираните родители и ученици им ги презентираше можностите за образување во рамките на колеџот кој е приватен, но со можности за стипендирање на талентирани ученици
Дата
May 28, 2016