If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
18227
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-18227,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ

Дата

July 27, 2021

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на членови за формирање на Локален младински совет

  1. Опис на јавниот повик: Локалното Собрание на млади на Општина Радовиш распишува Јавен повик за членство во Локалниот младински совет на Општина Радовиш.

Јавниот повик се објавува на веб-страницата на Општина Радовиш, во локалните медиуми, на социјалните мрежи и на други јавни места.

  1. Право на учество: Јавниот повик е упатен до формите на организирање и здружување кои ги предвидува Законот за младинско учество и младински политики, а тоа се: младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои не мора да бидат регистрирани во општината, но мора да имаат активности на територијата на Општина Радовиш.

 

  • Потребни документи: Младинските организации заинтересирани да аплицираат треба да ги достават и следните документи:
  1. Портфолио на организацијата/групата/здружението
  2. Годишна програма за работа на организацијата/групата/здружението
  3. Извештај за работата на младинската организација / здружението за изминатата година или друг документ во кои се наведени реализирани активности со млади, младински политики и иницијативи на подрачјето на Општина Радовиш,
  4. Писмо со номинација за член/членови на локалниот младински совет и контакт информации за истите
  5. Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.

 

  1. Начин на поднесување на документите, рок и место: Сите заинтересирани младински организации кои ги исполнуваат условите наведени во овој Повик, можат да поднесат Пријава за номинација на свои претставници со потребната документација, секој работен ден од 07:30-15:30 часот до крајниот рок за поднесување на пријави:
  • во архивата на Општина Радовиш на адреса Бул. „Александар Македонски“ бр. 7

 

Писмената документацијата се поднесува во затворен плик означен со ознака: „За јавен повик за член на „Локален младински совет“.

  1. Период на траење на јавниот повик: Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Радовиш, односно од 27.2021 година до 06.08.2021 година (краен рок)
  2. Дополнителни информации: Дополнителни информации може да добиете на тел. 078 248 110, hadjivasilev@radovis.gov.mk, лице за контакт Душан Хаџи-Василев.