ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НАЗДРАВЈЕ 1000 ГОДИНИ РАДОВИШ“
Дата
February 14, 2019
Категорија
Вести, КултураВо средата, во Центарот за култура „Ацо Караманов“ со одржа манифестацијата „НАЗДРАВЈЕ 1000 ГОДИНИ РАДОВИШ“ со која и официјално започна програмата од јубилејот – 1000 години од првото пишано спомнување на Радовиш како рано средновековно гратче, во грамотата на Византискиот император Василиј Втори.
Во склоп на манифестацијата најпрвин беше презентирано посланието – милениум со акценти од најважните аспекти од историјата и опстанокот на Радовиш.
Свој прекрасен настап имаа и Ансамблот „Распеани Радовишани“, а исто така во текот на вечерта беа изведени и композициите кои беа наградени по јавниот конкурс кој претходно беше распишан од страна на Центарот за култура „Ацо Караманов“.
По изведбата на композициите, од страна на претседателот на комисијата – професорот Стојан Стојков, беа доделени признанијата на наградените композиции и тоа: за освоена трета награда – признание беше доделено на композицијата „РАДОВИШ ПЕСНО СТАРА“ на композиторот Александар Арабаџиев, како и две рамноправни признанија за освоена втора награда на композициите „РАДОВИШ Е САМО ПЕСНА“ компонирана од кантавторот Јовица Илиќ и композицијата „ОВА Е РАДОВИШ“ компонирана од бендот „ТРОЈА“.
На крајот, со заедничка здравица, организациониот одбор на сите граѓани им го честита јубилејот 1000 години од првото пишано спомнување на Радовиш, посакувајќи им многу здравје и да уживаат во целогодишната програма.