XXXIII-ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ НЕ СЕ ОДРЖА
Дата
September 20, 2019
Категорија
Вести, Известување, СоветСоветот на општина Радовиш денес требаше да ја одржи 33-та седница, насловена како итна со предложени 5 точки за Дневниот ред.
Причината за неодржувањето на истата беше неприфаќање на итноста од мнозинството на советници во Советот на општина Радовиш, со што не се продолжи со предложениот Дневен ред и образложението за итноста на оваа Седница.