ОТКРИВАЊЕ НА СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕТО НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ
Дата
January 11, 2019
Категорија
ВестиДенес беше извршено откривање на спомен обележјето на загинатите бранители од Радовиш во воениот конфликт од 2001 год.
На свеченоста присуствуваше Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Г-дин Оливер Спасовски, Директорот на Бирото за јавна безбедност Г-дин Сашо Тасевски, Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, претставници од СВР Струмица и ПС Радовиш, претставници од Здружението на бранители, како и членови на семејствата на загинатите бранители Ерол Готак, Сашо Соколов и Коце Крстев.
„Денес откриваме спомен обележје на тројца храбри и млади луѓе, коишто својот живот го дадоа за слободата. Верувам дека имињата на бранителите, врежани во овој бел мермер постојано ќе не потсетуваат на цената на слободата, и затоа секогаш ќе им оддаваме почит за нивната храброст“ истакна Градоначалникот Конзулов.
Заради оддавање почит, од страна на повеќе делегации беше положено свежо цвеќе пред спомен обележјето.