48. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
April 04, 2016
Категорија
Вести, СоветПокрај редовните 15 точки од дневниот ред Советот денес ги усвои годишните извештаи за 2015 год. на ОУ ЦК „Ацо Караманов“, потоа на ОНБ „Браќа Миладиновци“ потоа годишниот извештај на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа за 2015 год., како и Програмата за работа на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Радовиш за 2016 год.
Членовите на Советот ги донесоа измените и дополнувањата на Програмата за уредување на градежно земјиште одржување на комунални објекти и локални патишта 2015 година. Како и одлуката за давање под закуп на деловни простории во сопственост на општина Радовиш и одлуката за измени и дополнување на буџетот на општина Радовиш за 2016 год.