ЗАПОЧНАА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ „КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“
Дата
December 01, 2017
Категорија
Вести, КултураЗапочнаа традиционалните „Караманови поетски средби“ во чест на македонскиот поет и револуционер Ацо Караманов, кој оваа година по 44 пат се одржуваат во Радовиш.
Во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во присуство на голем број на гости и поети вчера се одржа промоција на Роднокрајни писателски објави, а беа промовирани поетските книги „Камчето од Вардар“ од Ерол Туфан, и „Боите Боемика и јас“ од Павлина Кошевец, промотор на двете книги беше Борче Панов.
Манифестацијата беше збогатена со поетско музички перформанс од Јовица Илиќ, поздравно обраќање до присутните поети и гости имаше претседателот на Советот на општина Радовиш Коле Чаракчиев.
Програмата продолжува вечерва во 18.00 часот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ каде што и ќе биде доделена наградата „Караманов 2017“.