ВО ЗАВРШНА ФАЗА СЕ РАБОТИТЕ НА НОВОИЗГРАДЕНАТА УЛИЦА ВО РАКЛИШ
Дата
September 25, 2015
Категорија
ВестиЖителите на населба Раклиш во изминатиов период беа сведоци дека заедно со сите други реализирани проекти во делот на подобрување на инфраструктурата во нивното населено место беше изградена и асфалтирана нова улица која води низ населеното место и завршува до фудбалското игралиште. Деновиве во завршна фаза е изградбата на тротоарите на новоизградената улица.
Асфалтираната должина е 277 метри со ширина на коловоз од 5 метри, и ширина на тротоари од 1,5 метри од двете страни.
Исто така беше асфалтиран и кракот во центарот на Раклиш со нов слој на асфалт, а беше и дооформен и асфалтиран и малиот кошаркарски терен каде што го користат најмладите.
Овој е еден од големиот број на ветени и реализирани проекти од страна на Градоначалникот Сашко Николов пред граѓаните на Раклиш.
Вкупната инвестиција е обезбедена од буџетот на општина Радовиш и изнесува: 2.419.246 денари.