Општина Радовиш | Клима
page-template-default,page,page-id-7808,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive
КЛИМА
Општина Радовиш е под влијание на умерено средоземно-континентална клима. Поради изразената височинска разлика (400-707 мнв) одделни климатски елементи варираат меѓу изменета медитеранска клима во полето и планинска клима по планините. Просечните годишни температури во рамничарскиот дел се движат од 12.5 до 13.0°С, а на највисоките делови од планинските масиви до 7,5°С. Најтопли месеци се јули и август, со просечна температура од 23°С, а најстуден месец е јануари со 1.2°С.
Просечните годишни врнежи изнесуваат 563 мм, со големи варирања од година во година, но постои разлика меѓу планинските и рамничарските реони. што се однесува до годишниот збир на сончеви часови, регионот има 2326 сончеви часови годишно, т.е. 6,4 часови дневно.