If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | Географски податоци
7838
page-template-default,page,page-id-7838,page-parent,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ПРИРОДНИ РЕСУРСИ

 

Општина Радовиш го зафака северозападниот дел од пространата Радовишко-Струмичка котлина, односно горното сливно подрачје на Радовишка река.

Северниот дел припага на планината Плачковица, јужниот дел на планината Смрдешник, на северозапад се наога ридестиот дел на областа Јуруклук или Дамјанско поле, а на југоисток се протега алувијалната рамнина на Радовишка река.

Општината Радовиш има добри гравитациско-контактни и функционални врски во правец Северо Запад-Југо Исток, односно Штип и Струмица , од кои градот Радовиш е оддалечен само 36 односно 29 км.

Градот Радовиш е сместен во централниот дел на општината и Радовишката котлина во подножјето на планината Плачковица. Низ него поминуваат две реки, Стара река и Сушица. Градот се наоѓа на 41° 38′ СГШ и 22° 28′ ИГД. Надморската височина во градот изнесува 380 m.

Градот се простира на површина околу 4 км², во широчина 3 км (Индустриска зона – ул. Калузлиска) и во должина 3,5 км (нас. Раклиш – Кеј 8-ми септември). Радовиш претставува општински административен центар со добра местоположба за развој на стопанството. Како административен центар ги опслужува и жителите на општина Конче бидејќи во градот Радовиш се сместени сите државни институции кои имаат дејност на регионално ниво. Радовиш е оддалечен 121 км (2 часа) од Скопје, 220 км од Охрид, 502 км од Белград, 160 км од Солун, 620 км од Атина, 370 км од Тирана, 390 км од Драч, 260 км од Софија, 720 км од Варна, 670 км од Бургас, 840 км од Истанбул, 1030 км од Љубљана, 2330 км од Париз и 2540 км од Лондон.

road-map-macedonia-1600px

Територијата на општина Радовиш со 608 км квадратни се вбројува меѓу средно големите општини. Во општина Радовиш има една градска и 20 селски населби со вкупен број на жители 28 244. Има само две населби со повеќе од 1000 жители: Ињево и Ораовица, во останатите населби живеат помеѓу 300 и 1000 жители. Во пет населби живеат помалку од 50-тина жители.

2000px-Radovis_Municipality_2

Населени места

Ораовица, Подареш, Јаргулица, Покрајчево, Злеово, Војславци, Сулдурци, Калуѓерица, Ињево, Аликоч, Коџалија, Бучим, Парналија, Козбунар, Смиланци, Штурово, Супурѓе, Калаузлија, Бучим, Тополница.

 Соседни општини

Општината Радовиш се граничи со повеке општини и тоа: општина Конче на југо-запад, општина Берово на исток, општина Василево на југ, општина Штип на северо-запад и општините Карбинци и Виница на север.

Хидрографија

Во хидрографски поглед општината е интересна, со појава на подземни води, извори и површински водотеци како и со помали вештачки акумулации. Покрај изворите за вода за пиење во општината има и минерални води, но без некоја поголема стопанска искористеност. Хидрографската мрежа на општината е поделена на два речни слива. Преку Радовишка река водите течат во сливот на Струмица, додека преку реката Крива Лакавица во сливот на Брегалница. Реки во град Радовиш се: Стара река (позната уште и како Радовишка река), како и помалите Сушица и Марлада.

Вегетација – Шумските комплекси зафаќаат околу 21 000 хектари. Поголеми шумски комплекси се наоѓаат околу Стара река и Ораовичка река, каде се застапени дабова, букова и четинарска шума. од фитоценозите во шумите најдоминантни се заедниците на Дабот Горун, цените јасенови шуми, заедницата на подгорската бука, буковата шума со учество на брезата на кисели почви и заедницата на горската бука.

Lokacija Earth opstina Radovis