If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ООУ Коста Рацин – с.Подареш
8001
page-template-default,page,page-id-8001,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ООУ Коста Рацин – с.Подареш

 

oou_Kosta_Racin_Podares_logo

Основното општинско училиште ,,Коста Рацин,, од Подареш го носи името на познатиот македонски поет и револуционер Коста Солев Рацин и во негово чест секоја година училиштето подготвува пригодна програма и литаратурно читање по повод патрониот празник на училиштето на 03.06. во која активно се вклучени сите наставници и ученици.

 

Основното општинско училиште ,,Коста Рацин,,-Подареш е сместено во с.Подареш , каде се наоѓа  Централното  училиште . Во состав на Централното училиште влегуваат две згради, едната изградена во 1936 година и во неа учат ученици од прво до петто одделение и друга зграда изградена во 1968 година, во која учат ученици од шесто до осмо одделение.

Во училиштето учат ученици од прво до девето одделение кои наставата ја следат на македонски јазик распоредени во 11 паралелки во една смена.

 

Во состав на Основното училиште ,,Коста Рацин,, работи и функционира Подрачното училиште во село Јаргулица учат ученици од прво до петто одделение распоредени во пет паралелки.

 

 

Централното училиштето располага со вкупна површина на објектот 1028 m2 од кои 10 училници, 1 кабинет, 1 библиотека, каде објектот во зимскиот период се заграва на парно греење на нафта и дворна површина од 2381 m2,,.

Подрачното училиште во село Јаргулица располага  со вкупна површина од 5072 m2 од кои 270  m2 под објектот составен од пет паралелки и една занимална за деца од 2 до пет години, спортско игралиште  од 512 m2 и дворно место од 4290 m2,,.

Објектот се затоплува со парно греење на нафта.

Мисија на училиштето: Нашето училиште е место во кое насатавниците континуирано, професионално се усовршуваат за да може да реализираат современа и квалитетна настава која е приспособена на потребите и интересита на учениците.

Визија на училиштето: Нашето училиште е еколошка средина во која се дава можност на сите ученици да ги искористат своите способности за стекнување на знаења и да се вклучат во современото општество.

Мото на училиштето: Горди на минатото, свртени кон иднината

 

Во учебната 2013/2014 година во Основното општинско училиште ,,Коста Рацин,,-Подареш се запишани вкупно 250 ученици, распределени во 16 паралелки од кои во одделенска настава се запишани 146 ученици  распределени во 10 паралелки и 104 ученици од шесто до осмо одделение распределени во 6 паралелки.

Воспитно-образовната работа ја организираат и реализираат вкупно 27 вработени, од кои 1 раководен кадар (директор), 1 стручен соработник (психолог), 1 административен работник (благајник), 21 се наставници (10 одделенска настава , 11 предметна настава) и 3 се технички кадар.

 

ООУ Коста Рацин с.Подареш