If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
18733
page-template-default,page,page-id-18733,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Општина Радовиш како имател на информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер обезбедува јавност и отвореност во работата, и им овозможува на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.Согласно чл. 8 од ЗСПИЈК за службено лице одговорно за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер е поставено:


 

ОЛИВЕРА ДОЛДУРОВА

o.doldurova@radovis.gov.mk

doldurova@yahoo.com

radovis@radovis.gov.mk


НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ:

Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица.  Слободен пристап до информации имаат и странски правни и физички лица во согласност со овој и друг закон.


 

Образецот на Барањето содржи назив на Имателот на информацијата, личното име и презиме на Барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице, опис на информацијата со која сака да се запознае, на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација и на каков начин да му се достави бараната информација. Барање може да се поднесе пополнето и на обичен лист хартија но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактерБарателот не е должен да го образложи барањето.


 

ОБРАСЦИ:

Образец – барање за информации од јавен карактер (PDF)

Образец – жалба (PDF)


Линк до страната на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер


ПРОПИСИ


ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ


Барањата за пристап до информации од јавен карактер граѓаните можат да ги пратат по електронски пат на службеното лице или по пошта на следната адреса:

ОПШТИНА РАДОВИШ
ул. Александар Македонски бр.7
2420 Радовиш