Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
7346
page-template-default,page,page-id-7346,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,mac,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

 

 

Градоначалник на општина Радовиш од 2017 година е г-дин Герасим Конзулов, кој што беше кандидат за градоначалник од коалицијата предводена од СДСМ. Неговиот мандат трае 4 години, односно од 2017 година до 2021 година. Претходни градоначалници на општина Радовиш биле: Сашко Николов (од 2013-2017 г.) Роберт Велков (од 2005-2013 г.), Ристе Кукутанов (од 2000-2005 г.), Кирчо Сусинов (од 1996-2000 г.) и Љупчо Захариев (од 1990-1996 г.).

„Општината Радовиш  се стреми да ги подобри условите за живот на граѓаните, на начин што би се искористиле компаративните предности што ги нудат природното опкружување и досегашната создадена инфраструктура со насока кон креирање на среќни, задоволни, безбедни и здрави граѓани.

За да поттикнеме правилен и здрав локален економски развој Ние, како двигатели на истиот мораме да создадеме една симбиоза помеѓу луѓето, природната околина и развојот на науката и технологијата, а паралелно со тоа културата и образованието да се развиваат кон позитивна насока.

И затоа добронамерници, граѓани и пријатели на Радовиш, упатувам отворена покана и Ви давам до знаење дека вратата на Општина Радовиш е секогаш отворена кон сите оргинални, позитивни идеи и иницијативи со цел унапредување на локалната заедница и подигање на квалитетот на животот на граѓаните.“

Искрено Ваш,

Градоначалник на Општина Радовиш

Герасим Конзулов

 

Надлежности на градоначалникот

 

Ја претставува и застапува Општината;


Ја контролира законитоста на прописите на Советот;


Ги објавува прописите на Советот во службено гласило на Општината;


Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;


Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на Општината;


Иницира и предлага донесување прописи од надлежност на Советот;


Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на Општината;


Го извршува буџетот на Општината;


Избира директори на јавните служби кои ги основала Општината врз основа на јавен конкурс;


Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот;


Решава за управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица во согласност со законот;


Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;


Раководи со општинската администрација;


Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската адинистрација доколку поинаку не е определено со законот;


Обезбедува правилно и законско користење, одржување и заштита на сопственоста на општината во согласност со законот и со Статутот и
Врши и други работи утврдени со законот и со Статутот.