If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ООУ Орце Николов – с.Ињево
7988
page-template-default,page,page-id-7988,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ООУ Орце Николов – с.Ињево

oou_Orce_Nikolov_Injevo_logo

ООУ Орце Николов се наоѓа во с.Ињево-Радовиш. Училиштето има најразгранета мрежа во општината и пошироко, бидејќи во својот состав опфаќа седум ПУ оддалечени од 5-35 км. А комплетната обиколка изнесува околу 100 км.

Ваквата оддалеченост го отежнува нормалното работење во однос на навременото ажурирање и информирање. Оддалеченоста ќе биде причина за постојани  и редовни и чести средби, контакти и договарања на стручен и организационен план на стручната служба, наставниците,помошно-техничкиот персонал, учениците, родителите и вработените во училиштето.

Во училиштето се опфатени и ученици-училишни обврзници од I-V одд. од деветолетката, како и од V-VIII одделение од осмогодишно/деветогодишно  образование во ОУ во с.Ињево има шест ПУ и тоа 3 полни осмогодишни/деветогодишни  во с.Ињево, с.Калугерица и с.Злеово додека до во  селата: Воиславци, Сулдурци и Покрајчево се ПУ од I до V одд од деветогодишно образование.

Селата во кое се наога ОУ и ПУ имаат изградена инфраструктура кое што овозможува полесна организација на ВОР и достапот до училиштата.

 

Училиштата се наоѓаат во селска-рурална средина каде населението е претежно земјоделско, има многу мала вработеност, сето тоа влијае на условите и на начинот на работа во училиштето.

Училиштето е основно опфаќа ученици училишни обврзници од I-VIII од деветогодишно образование  и – VIII одд, од осмогодишно образование. Училиштето веќе работи 67 години на македонски наставен јазик поточно од учебната 1945/46 година.Училиштето  го прослави својот 65 годишно постоење,  одбележано  со свечена и опширна  програма со присуство на сите вработени и пензионери како и многу гости од други училишта и институции.

Низ училишните клупи во ОУ и ПУ имаат поминато многу генерации и генерации, многу од нив се здобија со средно, вишо и високо образование од разни струки занимања, а денес се успешни домакини, градежници, наставници, професори, инжинери, лекари  и многу други занимања, титули и звања.

Наставно-воспитната работа во ОУ “Орце Николов” се изведува во 6 училишни згради.

Во училиштето има 72 вработени од кои 55 се наставници и тоа во одделенска и предметна настава, 3 во стручна служба (психолог, педагог и библиотекар), 1 секретар и останатите за одржување на хигиената во училиштето.

 

 

Состојбата во врска со вкупниот број на опфатени ученици е следната:

Во ООУ “Орце Николов” с.Ињево од I до V одд. се опфатени околу 91 ученика распоредени во 5 паралелки. Од VI-VIII одд. се опфатени  116 ученици распоредени во 7 паралелки. Или само во ОУ во с.Ињево се школуваат вкупно од I-VIII одд. 207ученици распоредени во 12 паралелки.

Во Подрачно осмогодишно училиште во с.Калугерица се школуваат вкупно 140 ученици од кои од I-V одд. 57 ученици  распоредени во 5 чисти паралелки , а од VI­VIII одд. 83 ученика распоредени во 4 паралелки.

Во ПУ во с.Злеово се школуваат  107  ученици од I­VIII одд. , и тоа од I­III  III-V одд. вкупно 52 ученика распоредени во 3 чисти паралелки и 1 комбинирана, и од VI­VIII одд. вкупно 55 ученици распоредени во 4 паралелки.

Во ПУ во с.Дамјан се школуваат 4  ученици опфатани во 1 комбинирана паралелка со 3 одделенија.

Во с.Воиславци се школуваат 41 ученик од I-V одд. распоредени во 2 комбинирани паралелки со 2 одделенија и 1 чиста паралелка .

Во ПУ во с.Сулдурци се опфатени ученици од I-V одд. распоредени во 1 комбинирана паралелка  со две одделенија со вкупен број 14.

Во ПУ во с.Покрајчево се школуваат 19 ученика од I-V одд. распоредени во 1 комбинирана паралелки со 3 одделенија.и 1 комбинирана паралелка  со 2 одделенија

Во ООУ “Орце Николов” с.Ињево со ПУ се опфатени вкупно 574 ученици од прво одд. од деветолетката до  VIII одд. распоредени во 37 паралелки.

Учениците потекнуваат од семејства кои се претежно земјоделски но имаат способности и капацитет за учење и напредување. Повеќето од учениците се подготвени и се со културни навики, со желба да работат и стекнуваат знаења, умеења и навики за самите себе и да допринесуваат во средината во која живеат и пошироко во опшеството.

 

 

Мисија:  Мисијата на нашето училиште е дека тоа е здрава училишна средина во која учениците пријатно се чуствуваат,со можност секое дете да научи и се здобие со знаења,индивидуално да се развива,стекнување доверба во себе, наставниците и другите вработени во училиштето.

Изјава на мисијата: “Училиште со еднакви можности за развој и напредување”.

 

 

Слогани: Сакаме Училиште без насилство. Квалитетни планирања-успешна реализација на работата. Активни методи за работа – активни ученици. Активни ученици-трајни знаења.

 

 

Визија на училиштето: Сакаме нашето училиште да биде безбедна и дисциплинирана средина каде учениците со задоволство ќе доаѓаат,затоа што во него наставата ќе биде квалитетно планирана и ќе биде со современи форми и методи на работа прилагодена на потребите и интересите на учениците,наставниците и државата воопшто.

 

 

Мото на училиштето: Со квалитетни планирања до квалитетна настава со современи методи и форми за работа.

 

 

 ООУ “Орце Николов” с.Ињево