Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | СОУ Коста Сусинов – Радовиш
8174
page-template-default,page,page-id-8174,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

СОУ Коста Сусинов – Радовиш

SOU Kosta Susinov -Logo

 

Лоцирано во источниот централен дел на градот со добар транспортен пристап до него, училиштето опфаќа ученици од општините Радовиш, Конче, а еден мал дел и од соседните општини, па и пошироко.

 

Основано е во далечната 1960 година на Народниот одбор на општина Радовиш со решение број 01-4058 од 25.08.1960 година го основа училиштето под називот Страшо Пинџур. Во учебната 1960/61 година во училиштето учеле 38 ученика, за да сега бројот на учениците достигне до 950. ​

 

​Местоположбата на училиштето овозможува комуникација со поголем број ресурси со кои располага опкуржувањето: културни, образовни, здравствени, спортски, стопански и нестопански објекти. Од својот почеток па се до денес училиштето постигнува солидни резултати во своето работење кои овозможија афирмација на локално ниво и пошироко.

 

За ова сведочат голем број доделени награди и признанија. Училиштето ќе продолжи и понатаму со постигнување на нови успеси. ​Се бележат педесет и четири година неуморно чекорење по патеките на образованието, со различно име но со цврст став: СО УЧЕНИЦИТЕ –ЗА УЧЕНИЦИТЕ ​

 

  • 1960 / 61 година – гимназија Страшо Пиџур
  • 1977/78 година – гимназија Коста Сусинов
  • 1982/83 година –ЦСНО Јосип Броз
  • 1993/94 година – ЦСНО Коста Сусинов
  • 1999/2000 година – ДСУ Коста Сусинов

 

Училиштето се стреми да создаде здрава училишна средина во која учениците пристојно ќе се чувствуваат, со можност секое дете да научи и се здобие со знаење, индивидуално да се развива и стекнува доверба во себе, во наставниците и другите вработени во училиштето, учениците да бидат постојано активни, а со тоа да стекнат и трајни знаења кои ќе им послужат понатаму во секојдневниот живот. Секое програмирање на работата на училиштето се темели на квалитетот на наставната работа и нејзиното се поголемо педагошко ефектуирање. За да може училиштето да ја реализира својата мисија, тоа ќе ги следи промените во општеството, но и самото ќе ги креира потребните промени.

Визијата на СОУ Коста Сусинов Радовиш е тоа да биде безбедна и дисциплинирана средина за сите ученици, препознатливо и атрактивно за школување, константно да се развива и еволуира. Воспитно-образовниот процес да се одвива квалитетно, со современи форми и методи на работа прилагодени на потребите и интересите на учениците, наставниците, на локалната средина и воопшто на државата. Учениците со задоволство да се образуваат во училиштето и по завршувањето успешно да одговорат на современите предизвици.

 

За остварување на мисијата и визијата во училиштето во тековната учебна 2013 / 14 год. на ниво на училиште како приоритетни се поставуваат следните цели и инвестиции:​

Подобрување на техничките услови за работа во училиштето

  • Опремување на кабинетите со нагледни средства
  • Реконструирање на училниците
  • Опремување на фитнес сала
  • Реконструкција на парното греење
  • Набавка на средства за почеток на работилница за изработка на златен и сребрен накит
  • Ботаничка градина

 

Унапредување на воспитно-образовниот процес.

  • Континуиран професионален развој на вработените
  • Унапредување на воспитно-образовниот процес
  • Соработка со други училишта
  • Ангажирање на нови ресурси

Подобрување на комуникациите со заедницата

  • Едукација на учениците за сексуално воспитување, болести на зависност, сида, во борбата за здрава креативна личност.
  • Зголемување и подобрување на соработката со локалната заедница ибизнис секторот.
  • Подобрување на соработката меѓу наставници- локална заедница – родители.

 

Настава

Воспитно – образовната работа во СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш се остварува преку програмите за: гимназиско образование, со подрачјата: општествено – хуманистичко и природно – математичко, стручно образование, со геолошко-рударска и металуршка струка и електротехничка струка Во училиштето има вкупно 36 паралелки распоредени во:

 

  • Прва година – 6 паралелки гимназиско образование (2 на турски наставен јазик), 1 паралелка геолошко-рударска и металуршка струка и 1 паралелка електротехничка струка
  • Втора година – 7 паралелки гимназиско образование (2 на турски наставен јазик), 1 паралелка геолошко-рударска и металуршка струка и 1 паралелка електротехничка струка
  • Трета година – 7 паралелки гимназиско образование (2 на турски наставен јазик), 2 паралелки геолошко-рударска и металуршка струка
  • Четврта година – 8 паралелки гимназиско образование (2 на турски наставен јазик), 2 паралелки геолошко-рударска и металуршка.

 

 

СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш