Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | Електротехнички факултет – Радовиш
8183
page-template-default,page,page-id-8183,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

Електротехнички факултет – Радовиш

Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев”од Штип е лоциран во Радовиш и е единствен таков факултет во регионот на Источна Македонија.

Грб_на_Универзитетот_Гоце_Делчев

Факултетот е сместен во реновиран и модерно опремен објект со сета потребна инфраструктура – предавални, лаборатории за експериментални и практични вежби, компјутерска лабораторија, библиотека со читалница, конференциска сала, книжарница, студентски клуб. Во стратегискиот план за развој на Факултетот е планирано изградување на технолошко јадро за поддршка на малите и средните бизниси и развивање на нови лаборатории за научноистражувачката работа на Факултетот.

 

Основна мисија на Електротехничкиот факултет при реализација на првиот циклус на студии е студентите да добијат солидно високо образование по електротехника, со што стануваат квалификувани во национални и во меѓународни рамки, успешни во избраната професија и подготвени за понатамошно образование во вториот и третиот циклус на студии.

 

 

Функцијата декан на Електротехничкиот факултет ја врши проф. д-р Татјана Атанасова Пачемска, додека продекан на Факултетот е проф. д-р Василија Шарац. Работата на Електротехничкиот факултетот е организирана во три катедри: Катедра за индустриска електроника и автоматикаКатедра за електрични мерења и стандарди и Катедра за индустриски процесни компјутери. Студентот за време на студиите има можност да се вклучи во научноистражувачка работа, преку изработка на проектна задача или семинарски труд по разни предмети и со изработка на дипломски труд. Факултетот ги поддржува студентите на разни начини, при организирање на настани (студентски конференции и други манифестации) и при вмрежување за размена и мобилност со други високообразовни институции од земјава и во светот.

 

 

Студиските програмисе организирани во:

 

Носител на студиите е Електротехничкиот факултетот, а реализатор на студиите се катедрите кои се составен дел на Електротехничкиот факултетот, а тоа се:

  • Катедра за Електротехника и електромашинство
  • Катедра за Автоматизација, регулација и управување со технолошки процеси
  • Катедра за Електроника
  • Катедра за Електроенергетика
  • Катедра за Tелекомуникациско инжинерство

 

Електротехничкиот факултет им обезбедува на студентите развој на технички вештини, како и проучување на фундаментални и применети знаења од областа на електротехниката, посебно за разбирање на новите технологии и придонесување во идниот развој на професијата дипломиран електроинженер. Електротехничкиот факултет обезбедува развој на вештини за критичко и проблемско размислување, како и развој на говорни и писмени комуникациски вештини важни на проектното и тимско работење во професијата. Во првиот циклус на студии на Електротехничкиот факултет се изучуваат следниве студиски програми:

  • Системи за автоматско управување
  • Обновливи извори на енергија

 

Во вториот циклус на студии на Електротехничкиот факултет се изучува следнава студиска програми:

  • Автоматизација и процеси

 

 

Електротехничкиот факултет – Радовиш