Општински симболи
ОПШТИНСКИ СИМБОЛИ
Грб и Знаме на општина Радовиш
ГРБ – Грбот на 0пштина Радовиш е даден во три хералдички претстави: мал, среден и голем грб.
Блазон-Сребрено, црвен радовишки крст, штитот орамнен градобрански црвено.
Средниот грб претставува композиција од малиот грб, окрунет со круна. Круна-Бедемска круна со две странични правоаголни кули и една средишна кула со порта поставени на дијадема, сето златно.
Големиот грб претставува композиција од средниот грб со додатен венец. Венец -Венец од зелено тутуново лисје обвиткано со црвено-бело декоративна лента. Симболите искористени за создавањето на блазонот (хералдички опис) и емблазонот (хералдички цртеж) на грбот и знаме на општината Радовиш произлегуваат од културно-историското наследство на истата како и од спецификите на нејзиното седиште т.е. градот Радовиш
– Радовишкиот крст е редок и специфичен вид на крст кој се наоѓа на олтарната надворешна фасада на црквата Св.Илија во Радовиш. Во блазонот и емблазонот на грбот е претставен стилизирано како симетричен и целосен крст, без подножје. Ваквиот крст претставува раритет и карактеристика доволно препознатлива да биде поврзана само со Радовиш и неговата околина. Од друга страна како дел од живото културно-историско наследство на општината истиот го поврзува грбот со минатото давајќи му на тој начин посебна вредност.
– Градобранската мурална (ѕидна) композиција на обработ од штитот претставува симбол на урбана средина кој го потенцира градскиот карактер на седиштето на општината
– Црвената и белата боја кои доминираат во грбовната комозиција ги претставува најчестите бои во македонската народна носија, а воедно и крвта за македонската слобода, надежта за подобра и посветла иднина. Црвената и белата боја како национални бои на турскиот народ, исто така го претставуваат турското население како најголемото малцинство во општина Радовиш
ЗНАМЕ – Композицијата на знамето е составена исто од црвена и бела боја, поделено на две полиња, на десната половина од знамето е аплициран крстот.