If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | Култура
7810
page-template-default,page,page-id-7810,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

 КУЛТУРА

 

 

Тргнувајќи од основната цел, а тоа е негување и координација на културните и уметнички потреби и проекти во градот, општина Радовиш отсекогаш се грижи за поттикнување на општите и локални културни вредности, поттикнување на културното творештво, промоција на креативни активности на поединци и културни здружениа и секако планирање и имплементација на секакви активности и настани од областа на уметноста и културата.

 

Исто така општина Радовиш се грижи и за заштита на културното наследство, развој и заштита на уметничкото творештво, развој на традиционалните локални уметнички изразувања, а пред се ја афирмира соработката на сите општествени групи ву културниот живот на општината.

 

Во Радовиш работат две институции од областа на културата:

  • Центар за култура „Ацо Караманов“ и
  • Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци“

Исто така во Радовиш постои „Етнолошки музеј“ каде што се наоѓа вредна „Етнолошка збирка“ од Радовишкиот крај.

 

– ОУ Центар за култура „Ацо Караманов”, во која се концентрирани целокупните културно-уметнички збиднувања и каде разновидната програма е добро приспособена на интересите и потребите на општина Радовиш. Нудејќи музика, литература, филмска, драмска и ликовна уметност, фолклор и сл., овде се одржуваат голем број на манифестации, изложби и културно-уметнички претстави.

 

– Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци”, која ја негува богатата книжевна и библиотекарска традиција на општина Радовиш. Оваа библиотека е целосно реконструирана и модернизирана во 2006-та година при што Радовиш доби мултифункционален простор искористен за современо библиотечно работење. Таа нуди различни библиотечно информативно позајмeни услуги на редовни читатели каде покрај домашната и странска литература во слободен пристап, корисниците имаат и публикации од стручна литература како филозофија, психологија, уметност, економија, право и здравство.

 

Во општина Радовиш познати се фолклорните ансамбли: Ф.А „Бучим“, Ф.А. „Ацо Караманов“, Ф.А. „Китка“-Ораовица, Ф.А. „Славеј“-Јаргулица, Ф.А. „Гајда“-Ињево, а исто така активно работат „Распеани радовишани“ и Хорот „Св. Спасо Радовишки“ како  и повеќе аматерските драмски студија.

 

Во текот на годината се одржуваат: „Радовишкото културно лето“, Детскиот фолклорен фестивал „Оро весело“, Изворниот фестивал „Гајда“ во Ињево, Фолклорниот фестивал „Велигденските средби“ во Ораовица, „Карамановите поетски средби“, Манифестацијата „Самун ем Татлија“, Фестивалот на староградска песна „Радовишка серенада“  и др.

 

Заштитник на општината и градот Радовиш е светецот Свети Спасо Радовишки.

Празникот се чествува секоја година на 21 август со богата духовна и уметничка програма а дел од чествувањето се одвива во Храмот Св. Троица, и во параклисот посветен на Св. Спасо Радовишки кој се наоѓа на плоштадот  „Св. Спасо Радовишки“ во Радовиш.

 

Најзначајни репрезенти на културното наследство во општина Радовиш (културно-историски локалитети, археолошки и верски) се: православниот Храм „Св.Троица”, Црквата „Св.Пророк Илија”, Манастирскиот комплекс „Св.Ѓорѓи” и Манастирот „Св.Архангел-Михаил” кои што датираат од 16 век., „Параклисот“ Св. Спасо Радовишки и „Крстот над Радовиш“, потоа археолошките локалитети како Исарот-Калето, Марковата кула во Подареш, Стариот манастир во с.Дамјан, Туљбето и многу други.

 

Менаџирањето со културните ресурси, како и промоцијата на туристичките локалитети е врвен приоритет на локалната самоуправа на општина Радовиш.

Во таа смисла, потребно е уште поинтензивно партнерство помеѓу сите локално заинтересирани страни, вклучително и граѓанскиот сектор со цел да се подигне нивото на културната свест и свеста за заштитата на животната средина, што би ја направило општина Радовиш лидер во регионот во овие сфери. Убедени сме дека на овој начин ќе се постигне посакуваната цел а тоа е секако подобрување на стандардот на живеење.