Спорт
Првите спортски активности во oпштина Радовиш датираат уште од многу поодамна, при што се забележани низа спортски остварувања како и организација на бројни спортски манифестации.
Денес ,со враќањето на стариот сјај на спортскиот храм – Спортскиот рекреативен центар „25-ти Мај“, која секако претставува причина повеќе за спортско задоволство, како и со обновувањето на градскиот фудбалски стадион се подига спортската свест особено кај младите а со тоа се отвара и се поголема можност за спортски активности како поединечно така и екипно, исто така можноста за спортување и рекреација нудат и новоизградените тениски и мултифункционални игралишта низ населените места во општината како и во самиот град.
Во Општина Радовиш се регистрирани и дејствуваат голем број на спортски клубови:
- Фудбалски клуб „Плачковица”
- Ракометен клуб „Радовиш”
- Кошаркарски клуб „Радовиш”
- Боречки клуб „Јака Бучим”
- Џудо клуб „Сенсеи”
- Триатлон клуб „Елан”
- Триатлон клуб „Анада”
- Велосипедски клуб „Свиок”
- Мото клуб „Џинка”
- Пингпонгарски клуб „Радовиш”
- Алпинистички клуб „Плоча”
- Риболовен клуб „Крап”
- Стрелачки клуб „Бучим”
- Лов и траперство „Готен”
- Карате клуб „Бучим-Феникс”
- Карате клуб „Тигар”
- Савате клуб „Гард”
- Клуб за тајландски бокс „Мау Таи-Комбат”
- Здружение за боди билдинг и фитнес „Мускулна уметност”
- Планинарско друштво „ПАОК Бел Камен”
- Фудбалски клуб „Готен”
- Фудбалски клуб „Извор”
- Фудбалски клуб „Бобовец
- Фудбалски клуб „Изведен”
- Фудбалски клуб „Бунарџик”
- Фудбалски клуб „Јака”
Вреди да се спомене дека во 2013 година, после 15 години беше возобновена Општинската фудбалска лига, а исто така беше формирана и училишната Футсал лига за основните училишта.
Покрај наведените спортски и спортско-рекреативни клубови, постои и единствениот регистриран училишен спортски клуб при училиштето Крсте П.Мисирков, но во постапка на регистрација се и други спортски клубови.
Со завршувањето на изградбата на училишните спортски сали во склоп на О.У. Крсте П.Мисирков, О.У. Орце Николов, како и со веќе изградените повеќенамески игралишта низ населените места и во склоп на ООУ Никола Карев, а исто така и Тениските игралишта се очекува се повеќе масовниот спорт во општина Радовиш да зема замав а со тоа и да се изградат поединци и спортски клубови кои се надеваме дека ќе постигнат како национални така и меѓународни успеси.