If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | Библиотека Браќа Миладиновци – Радовиш
8190
page-template-default,page,page-id-8190,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

Библиотека Браќа Миладиновци – Радовиш

Општинската народна библиотека ,,Брака Миладиновци“ 

 

ИСТОРИЈАТ

Општинската народна библиотека ,,Брака Миладиновци“ – Радовиш е формирана 1957 година а иницијатор бил Мориц Романо за да со формирањето на Работничкиот универзитет ,,Киро Донев“ – Радовиш во 1962 година, библиотеката  влегува  во негов состав и тоа се до 1992 година кога се осамостојува и го доби името ,,Браќа Миладиновци”. Своите почетоци библиотеката ги бележи со скромен книжен фонд од околу 500 книги, сместена во приватна куќа во надлежност на тогашниот Народен Одбор на општина Радовиш a прв библиотекар кој се вработил во библиотеката бил Ацо Караманов (Шлинтата).

Во историјата на своето над пет децениско постоење, како најсветли датуми на библиотеката се, 20 Април 2006 година, кога започна нејзината целосна реконструкција, адаптација и модернизација и 6 Септември 2006 година кога се пушти во употреба новата современа и модернизирана библиотека. Реконструкцијата и модернизацијата на библитеката ,,Брака Миладиновци“ беше подржана со проектот ,,Пријателски библиотеки за сите граѓани“ преку  Програмата за развој на Обидинетите Нации (УНДП) а финансирана од Кралството Норвешка. Модернизацијата и адаптацијата на библиотеката ја помогна и Локалната самоуправа на Општина Радовиш со финансиско учество и со доделување на трајно користње на библиотеката на нови 130 м2 деловна површина.

 

 

СЕГАШНОСТ

По завршената адаптација, опремување и реорганизација на постоечкиот простор на Библиотеката, Радовиш доби мултифункционален простор искористен за современо библиотечно работење. Формирана е класична читална, читална за перодика, електронска читална опремена со осум терминали, скенер, штампачи црно бел и во боја, фотокопир, мултимедијално катче кое на корисниците им овозможува постоечката опрема да ја користат да слушаат музика, гледаат филмови и користат аудио мултимедијални публикации. Во текот на 2010 година преку проектот „Креативни умови создаваат можности за работа“ добиен од ЕIFL преку програмата PLIP, библиотеката набави 13 лап топ компјутери, мултифункциски штампач и постави WI FI мрежа со што пристапот  до интернет и користењето на ИТ технологијата е значително подобрен.

Истовремено е извршена и реорганизација на фондовите кои се  на достап на корисниците со што, покрај домашната  и странска литература, во слободен пристап се и публикации, учебници и друга стручна литература од повеќе области како што се: филозофија, психологија, уметност, економија, медицина, електроника, машинство, земјоделие и други области со што вкупниот книжевен фонд во библиотеката изнесува над 55.000 наслови.

 

 

 

Општинската народна библиотека ,,Брака Миладиновци“ – Радовиш

Официјален портал на Општинската народна библиотека ,,Брака Миладиновци“ – Радовиш

 

Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци“
ул. „Илинденска“ бб

2420, Радовиш

 

Библиотекари: ++389(0)32 635 027