Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | Календар на манифестации
8123
page-template-default,page,page-id-8123,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

Календар на манифестации

 

 

    Информации за културните манифестации кои традиционално се одбележуваат секоја година во општина Радовиш

 

 

Културни манифестации 

 

  • 19-ти Јануари, Водици Традиционално одбележување на православниот празник со фрлање на крстот.
  • Март, Манифестација „Мартинки“ Оваа манифестација повторно се обновува во општина Радовиш после неколкугодишна пауза а е со цел да се изврши поврзување помеѓу традицијата и древниот македонски обичај за правење на Мартинки како симбол на доаѓање на пролетта и одбележување на Меѓународниот ден на жената и мајката 8-ми Март.
  • 21-ви Март – Ден на пролетта, еколошка акција наречена „Македонија земја на цвеќето-Земја на розата“, садење на Рози на јавни зелени површини.
  • 1-ви Април, Манифестација „Априлијада“ Традиционален детски маскенбал со културно уметничка програма.
  • Април, Велигден – Традиционалните фолклорни фестивали: „Велигденски средби“ и „Гајда Фест“ . „Велигденски средби“ е Интернационален фолклорен фестивал кој  претставува значајна манифестација која е подржана и од Министерството за култура.
  • 9-ти Мај, Победа на фашизмот и ден на Европа – Манифестација „Европски ден во Радовиш“, со дневна програма на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“.
  • Јуни , Св.Троица – Меѓународен фолклорен фестивал „Оро Весело“ кој се одбележува традиционално повеќе од 10 години и е подржан од Министерството за култура.
  • 10-ти Јуни, Ден на културата во Македонија – Културно уметничка програма, Центар за култура „Ацо Караманов“.
  • Радовишко Културно Лето & Топол културен бран. Богата културно уметничка програма во соработка со Центарот за култура „Ацо Караманов“, исполнета со бројни концерти, театарски претстави, ликовни колонии, промоции, поетски читања и др.
  • Август, Манифестација „Св.Спасо Радовишки“ Одбележување на Патронот и заштитник на градот Радовиш – Св.Спасо Радовишки со богата тридневна програма исполнета со Богослужби, Духовна академија, Литија и спектакуларен концерт.
  • Јуручки Фестивал  Манифестација за одбележување на долгогодишната традиција на Јуручкото население во општина Радовиш.
  • 8-ми Септември, Ден на независноста на Р. Македонија – Културно уметничка програма, Центар за култура „Ацо Караманов“.
  • 21-ви Септември, Ден на мирот – Манифестација „Слобода без крај“ традиционален мировен марш и културно уметничка програма на плоштадот Св.Спасо Радовишки.
  • 23-ти Октомври, Ден на Македонското револуционерно движење – Културно уметничка програма, Центар за култура „Ацо Караманов“.
  • 6-ти Ноември, ден на ослободувањето на градот Радовиш,  збогатена културно забавна програма, доделување на годишни признаниjа и плакети.
  • Караманови поетски средби“. Карамановите поетски средби е најзначајната културна манифестација во Радовиш со традиција преку 40 години. Таа се организира во чест на поетот кој е автор на повеќе од 2000 стихови и еден недовршен роман а во Македонската книжевна критика и историја го вреднуваат како прв модернист во македонската поезија.
  • Манифестација „САМУН ем ТАТЛИЈА“ – Манифестација каде што се претставени најпознатите традиционални јадења кои изворно потекнуваат од општина Радовиш и сето тоа пропратено со културно-забавна програма. Во иднина се очекува оваа манифестација да претставува бренд на самата општина.
  • Новогодишна програма за дочек на новата година. Културно забавна програма на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“. Традиционално одбележување на дочекот на новата година пропратенно со концерт на естрадни уметници  и  друга забавна програма.

 

 

 * Термините на одржување на манифестациите може да претрпат измени