If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | Срц 25 Мај – Радовиш
8201
page-template-default,page,page-id-8201,ajax_updown,page_not_loaded,,boxed,no_animation_on_touch,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

Срц 25 Мај – Радовиш

СПОРТСКО РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР „25 МАЈ“ РАДОВИШ

 

Спортско рекреативен центар „25 Мај“ Радовиш (СРЦ „25 Мај“ – Радовиш) е со локација на Кеј „8ми септември“ бр. 2 во Радовиш.

 

Изградена и пуштена во употреба во 1986 година, каде што инвеститор беше „Самоуправна интересна заедница на физичка култура – Радовиш “ (СИЗ за физичка култура – Радовиш).

Низ своето постоење со СРЦ „25 Мај“ Радовиш стопанисуваше Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти на Р. Македонија, во еден период беше издаден под концесија на приватна фирма, за да  од 07.05.2012 година спортскиот објект се врати на Општина Радовиш која повторно менаџира и управува со овој спортски храм.

 

СРЦ „25 Мај“ Радовиш располага со вкупна површина од 3.968 м². Самиот комплекс располага со голема сала со површина од 1.126 м² и капацитет од фиксни трибини од 1300 гледачи, но со помош на подвижни седишта гледачкиот капацитет се движи од 1300 до 2600 во услови на боксерски и слични натпревари и мала сала со површина од 400.80 м²  со капцитет од 160 гледачи.

 

Во склоп на  салите објектот располага и со сите неопходни помошни простори како што се 4 гардероби за спортисти, канцеларии, санитарни простории, повеке влезови и излези, бифе и други пропратни простории како што доликува на еден спортски комплекс.

Во спортската сала тренираат и се натпреваруваат повеќе спортски екипи мегу кои: РК „Радовиш“, КК „Радовиш“, БК „Бучим-Радовиш“, Џудо клуб „Сенсеи“, Пинпонг клуб „Еми Петрол“, Карате клуб „Плачковица“, Алпинистички клуб „Плоча“, Триатлон клуб „Ана-Да“, Училишен спортски клуб „Крсте Петков Мисирков“, два фитнес клуба, како и многу рекреативци кои ги користат услугите и просторот на спортската сала.

Меѓу позначајните случувања и манифестации во СРЦ „25 Мај“ Радовиш можеме да ги издвоиме: Европското и Светското првенство во борење, државните првенства во џудо и борење, супер лигата во ракомет и кошарка, манифестацијата  во бокс „Златен Гонг“,  манифестацијата во борење „Македонски бисер“, традиционалниот „Шестоноемврски турнир“ во мал фудбал, многу фолклорни настапи и концерти, кошаркарски турнир „Streetball“  и многу други манифестации.