If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | Историја
7826
page-template-default,page,page-id-7826,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

КРАТКА ИСТОРИЈА

 

На територијата на општина Радовиш уште од праисторијата наоѓаме траги на материјалната култура, посебно се интересни наодите од епохата на неолитот, енеолитот, халштатот и бронзата. Во времето на Филип Втори и Александар Македонски територијата на радовишко ја населувале Пеонците, бројни остатоци од вредност се од времето на предримската и римската епоха, а тоа се претежно антички населби, некрополи, каструми, терми, аквадукти, милјокази и други наоди.

 

 

   Градот Радовиш за прв пат се споменува во 1019 во Грамотата на Византискиот цар Василие Втори, а така се викала и средновековната жупа, што покажува дека градската функција потекнува од средниот век, каде што во тоа време Радовиш претставувал значаен регионален трговско-занаетчиски и рударски центар.

Името на Радовиш е поврзано со името на средновековната кнегиња од словенско потекло, Рада, која живеела во тврдината над градот, чиишто урнатини се уште постојат. Во периодот на 14 век бил под власт на српските владари, во 1361 година во него престојувал Цар Урош.

pananorama.star.radovis.okok

  • Под турското освојување во почетокот на 16 век во овој крај многу се населувале Јуруци (турско номадско племе) етничка група која и денес е присутна во радовишко.
  • Документите Ќустендилски метрополити во 17 век се викаат и радовишки.
  • Кон крајот на 18 век Радовиш било гратче опколено од ѕид од стара тврдина чии остатоци стојат и денеска.
  • Некогаш големиот пат од Поморавје преку Куманово и Овче поле и Радовишко поле преку Струмица водел до Солунскиот и Орфанскиот залив.
  • Во 19 и 20 век Радовиш и околината биле под влијание на историските настани поврзани со разловечкото, кресненското и илинденското востание, потоа настаните од балканските војни, првата и втората светска војна и периодот по завршувањето на втората светска војна придонеле за денешниот изглед на Радовиш.
  • Територијата на општина Радовиш е богата со истражени и голем број неистражени археолошки локалитети, манастири и цркви кои се дел од богатата ризница на споменици на културата.

star.most.radovis.okok