Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | Совет
7363
page-template-default,page,page-id-7363,page-parent,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

GRB_png_ok

Совет на општина Радовиш

 

 

Советот на Општина Радовиш е претставничко тело на граѓаните на општината.

Составен е од 19 советници избрани на непосредни избори.

 

 НАДЛЕЖНОСТИ НА СОВЕТОТ
  • Го донесува статутот на општината и други прописи

  • Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината

  • Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон

  • Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа

  • Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа

  • Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината

  • Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината

  • Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон

  • Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината

  • Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината

  • Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон

  • Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон

  • Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на оpштината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител

  • Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот

  • Врши и други работи утврдени со закон