РАДОВИШ ЌЕ ДОБИЕ АТРАКТИВНА НАСЕЛБА ОД 400 ПАРЦЕЛИ
Дата
February 09, 2016
Категорија
ВестиГрадоначалникот Сашко Николов денеска имаше средба со директорот на катастарот и со директорот на Управата за имотно-правни работи кои беа во официјална работна посета. На ова средба беше разговарано за најновиот проект на Владата на Република Македонија ,,Купи куќа за млади,, како и за решавање на долгогодишниот проблем со објектот на Стоковната куќа.
Градоначалникот Николов изјави: ,,Радовиш ќе добие атрактивна населба со површина од околу 16 хектари, после Чам Баир ,предлогот деновиве ќе биде доставен до Министерството за транспорт и врски, очекувам да почне постапката за урбанизација и до крајот на годината ќе започнеме со продажба на локации за градба.
Граѓаните веќе се запознаени дека Владата ќе ја гради целокупната инфраструктура на оваа современа населба која ќе биде во функција на младите од нашиот град.,, (Улици, одвод-довод и останато) ќе биде финансирано од Владата на Република Македонија, а плацевите ќе се продавата за по 1 евро/м2