Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови на територијата на Општина Радовиш
Дата
November 29, 2017
Категорија
Вести, Известување, Соопштенија
С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат сите правните и физички лица, дека се распишува: Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови на територијата на Општина Радовиш.
Јавниот повик се распишува согласно на член21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.199/2014,42/2015,44/2015,31/16) за период од најмалку 30 дена од објавата за сите заинтересирани физички и правни лица.
- Во период од 30 дена, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од член7, став(1), точка2, алинеи 2, 3 и 4 од Законот за Просторно и Урбанистичко планирање, во електронска форма преку информацискиот систем е- урбанизам или во писмена форма.