If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ
14249
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-14249,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Дата

May 08, 2018

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014, 42/2015, 44/2015,31/16 и 163/16), Градоначалникот на Општина Радовиш го донесува следното:

 

                  С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат сите правните и физички лица, дека се распишува:

 

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови на територијата на Општина Радовиш .

 

Јавниот повик се распишува согласно на член21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.199/2014,42/2015,44/2015,31/16 и 163/16) за период од најмалку 30 дена од објавата за сите заинтересирани физички и правни лица.

 

  • Во период од 30 дена, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од   член7, став(1), точка2, алинеи 2, 3 и 4 од Законот за Просторно и Урбанистичко планирање, во електронска  форма преку информацискиот систем е- урбанизам  или во писмена форма.
  • Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичко-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
  • Јавниот повик ќе трае 30 дена, сметано од објавата во јавно  гласило, односно од 10.05.2018г.- 11.06.2018г.
  • Јавниот повик ќе биде објавен во Службен гласник на општина Радовиш, на веб страната  на Општина Радовиш: radovis.gov.mk; на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и во дневен весник.
  • Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Општина Радовиш или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.
  • За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи .
  • Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Радовиш за 2018год.
  • Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите .