ПРАВИЛНИК ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ПРОТИВПОЖАРНИОТ ВОД ВО ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
July 23, 2018
Категорија
Известување, СоопштенијаСогласно член 11 став 9 од Законот за пожарникарството (Сл. весник на РМ бр. 67/04,81/07,55/13,158/14,193/15 и 39/16), Градоначалникот на општина Радовиш,донесува:
П Р А В И Л Н И К
за селекција на кандидати за вработување во Противпожарниот Вод во Општина Радовиш
член 1
Со овој Правилник се уредува начинот на селекција на кандидатите за вработување во Противпожарниот Вод во Општина Радовиш и бодувањето на различните фази на селекцијата.
член 2
Постапката за селекција се спроведува во две фази и тоа проверка на пријавата и доказите (прва фаза)и интервју(втора фаза).
член 3
-Во првата фаза , Комисијата за селекција формирана со посебно решение од страна на Градоначалникот во рок од 8 (осум) дена од истекот на рокот за пријавување на јавниот оглас врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот и составува записник во кој се констатира кои кандидати ги доставиле а кои кандидати не ги доставиле задолжителните докази при што Комисијата постапува согласно Законот за вработените во јавниот сектор .
-Во првата фаза од селекцијата на кандидатите се врши евалуација/вреднување на формалното образование,неформалното образование и работното искуство на следниот начин:
-за средно образование се доделуваат 2 бода;
-за вишо образование се доделуваат 2,5 бода;
-за неформално (високо образование) се доделуваат 3 бода;
-за работно искуство за исполнување на пропишаниот минимум се доделуваат 2 бода;
-за работно искуство над пропишаниот минимум по 0,25 бода за секои 5 години а најмноги дополнителни 1,25 бода.
-Сите кандидати кои ги доставиле задолжителните докази се квалификуваат во втората фаза на селекцијата а оние кандидати кои не ги доставиле задолжителните докази се дисквалификуваат од понатамошна селекција.
-Доколку Комисијата за селекција се посомнева во веродостојноста на некој доказ истата доставува барање до соодветниот орган односно институција за дополнителна проверка на доказите.
(Погледни или превземи)
Правилник за селекција на кандидати за вработување во Противпожарниот Вод во Општина Радовиш