СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ЗА ЛУПД ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА СО НАМЕНА В1- ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – ПОУ С.КАЛАУЗЛИЈА
Дата
September 16, 2019
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Радовиш го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна презентација и Јавна анкета за ЛУПД за определување на градежна парцела со намена В1- Образование и наука – ПОУ с.Калаузлија, општина Радовиш, на дел од катастарската парцела КП17/1,с.Калаузлија, општина Радовиш.
Јавна презентација и јавна анкета за одобрување на ЛУПД за определување на градежна парцела со намена В1- Образование и наука – ПОУ с.Калаузлија, општина Радовиш, на дел од катастарската парцела КП17/1, с.Калаузлија, општина Радовиш.
Јавната анкета ќе трае пет(5) работни дена од 20.09.2019 – 27.09.2019г. секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 25.09.2019г. во 12:00ч, во просториите на Мала Сала во Општина Радовиш, Бул.“А.Македонски“ бр.7.
Во споменатиот рок субјектите од член32 од законот за просторно и урбанистичко планирање , како и сите заинтересирани физички и правни лица можат да достават забелешки и предлози по предлог планот на анкетни листови, во електронска форма преку системот е-урбанизам или во писмена форма.