If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЕКТНА ПРОГРАМА СО БРОЈ НА ПОСТАПКА: 33967, ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ
18028
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-18028,ajax_updown,page_not_loaded,,boxed,no_animation_on_touch,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЕКТНА ПРОГРАМА СО БРОЈ НА ПОСТАПКА: 33967, ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ

Дата

March 18, 2021

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на член 44, став 5 од законот за Урбанистаичко планирање (Сл. Весник  Бр. 32/2020) Градоначалникот на општина Радовиш по доставен предлог за одобрување на Планска програма, Ви доставува предлог за одобрување на Проектна Програма за изработка на Урбанистички Проект со ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ  со класа на намена Е1- инфраструктура (фотоволтаични електрани), нарачатели:  ,,СТПР ИНТЕРПРОПЕРТИ,, дооел Скопје, Ристо Поцков, Илија Сусинов, Бојан Сусинов, Кирчо Сусинов од Радовиш.

По предлог за одобрување на Планската програма од страна на Комисијата за урбанизам, Градоначалникот го донесува следното:

 

             РЕШЕНИЕ

                                                                       

             СЕ ОДОБРУВА Проектна Програма со број на постапка: 33967, за изработка на Урбанистички Проект  за формирање на градежни парцели со класа на намена Е1- инфраструктура (фотоволтаични електрани) на КП 1016/1, КП 1016/6, КП 1016/7, КП 1016/8, КП 1016/9, КО Војславци, КП 1/6, КП 1/5, КО Сулдурци, општина Радовиш, со тех. бр. 04-282/2020 од 12/2020, изработена од ТДПИГК ,,ПАРАМЕТАР,, дооел Скопје, за потребите на нарачателите:  ,,СТПР ИНТЕРПРОПЕРТИ,,  дооел Скопје, Ристо Поцков, Илија Сусинов, Бојан Сусинов, Кирчо Сусинов од Радовиш.

 

          ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

До општина Радовиш доставено е барање за одобрување на Проектна Програма за изработка на Урбанистички Проект со ПЛАН ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ  со класа на намена Е1- инфраструктура (фотоволтаични електрани), за потребите на нарачателите:  ,,СТПР ИНТЕРПРОПЕРТИ,, дооел Скопје, Ристо Поцков, Илија Сусинов, Бојан Сусинов, Кирчо Сусинов од Радовиш.

 

Во прилог на барањето е доставено:

 

Планска Програма за Урбанистички Проект со План за формирање на Градежна парцела со класа на намена Е1- инфраструктура (фотоволтаични електрани), на КП 1016/1, КП 1016/6, КП 1016/7, КП 1016/8, КП 1016/9, КО Војславци, КП 1/6, КП 1/5, КО Сулдурци, општина Радовиш со тех. бр. 04-282/2020 од 12/2020, изработена од ТДПИГК ,,ПАРАМЕТАР,, дооел Скопје.

Ажурирана подлога со граница на плански опфат.

Од страна на Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Радовиш, со Решение бр.09-420/1 од 10.03.2021год. беше разгледана доставената документација за изработка на Урбанистички Проект со План за формирање на Градежни парцели со класа на намена Е1 – инфраструктура (фотоволтаични електрани) во Општина Радовиш, по што истата е потпишана и доставена до Градоначалникот со Предлог за одобрување на Планска Програма бр. 26-301/2 од 16.03.2021 год.

 

Врз основа на горе наведеното Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на оваа Решение.

 

Упатство за правно сртедство:Против ова решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот наприемот на реѓшението, преку овој орган до министерот кој раководи  со органот  на државната управа надлажен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.

Жалбата се таксира со 250,00 ден.административни такси.